Накратко за Нас

Од нашето основање во 2006 година до денес поминавме низ сите фази на развој, развивање и усовршување на сите полиња на нашето дејствување. Денес од оваа перспектива слободно можеме да кажеме дека бевме, сме и ќе бидеме лидери во следење на научните, стручните и техничките достигнувања во областите во кои вршиме вештачења. Обидите да не копираат, следат и создаваат нелојални и непрофесионални конкуренти не мотивираат да го задржиме највисокиот степен на органзиација и професионализам.

Експертски тим

Ние сме професионалци со големо експертско искуство.

Правото секогаш на пиедестал

Нашата експертиза е секогаш базирана на правото.

Зошто да не изберете нас

Заради посветеноста, истрајноста, професионалноста, етичкиот и морален кодекс на однесување , пожртвуваност и еланот за работа на тимот од докажани вешти лица со долгогодишно искуство во сите области на вештачења.

Агенцијата за судски вештачења АСВ Скопје работи исклучиво во склад со одредбите од Закон за вештачење и промовира постапки за заштита на личните податоци и деловни тајни на деловни партнери.

Нашето мото е
ВАШАТА ДОВЕРБА, ЧЕКОР ДО УСПЕХ.

Градежно архитектонски вештачења

Информатички вештачења

Материјално финансиски

Сообраќајно техничко вештачење

Области на вештачење

АСВ врши вештачење на следниве области.

СООБРАЌАЈ

Агенцијата за судски вештачења – А.С.В Скопје за прв пат во нашата држава при вештачење и супервештачење на сообраќајни незгоди во пракса воведе употреба на специјален линценциран софтвер за математичко моделирање (реконструкција) на сите видови на сообраќајни незгоди Virtual Crash врезија 2.2 и 3.0 кој се користи за разрешување на најсложени сообраќајни незгоди. Софтверот им нуди на вештите лица да вршат компаративна анализа на сите подвижни и неподвижни материјални траги фиксирани на лице место на незгодата , нуди можност за фотограметриска обработка на дигитални фотографии од увид на местото на настанот и користење на сателитски фотографии или фотографии снимени со помош на Дрон . Virtual Crash 3.0 како еден од најсовремените софтвери за реконтрукција на сообраќајни незгоди на вештите лица им овозможува на брз и многу ефикасен начин да ги контролираат своите математички (аналитички) пресметки при утврдување на брзините на движење на возилата пред судир, за време на судир и по судир, точно да го утврдат местото на судир преку поставување на судрените возила во релативна и апсолутна сударна положба, да ја детерминираат динамика на движење на судрените возила непосредно пред судирот и да ги дефинираат околностите и причините за настанување на сообраќајната незгода со можност сето тоа да го презентираат во 2Д или 3Д визуелизација. Примери

МАШИНСТВО

Машинските вештачења и супервештачења најчесто се однесуваат за утврдување на вредност на претрпена висина на материјална штета (економски исплатлива штета за поправка или пак тотална штета) на сите видови на моторни возила претрпена во сообраќајни незгоди. Утврдување на квалитет на поправка и монтирање на делови , утврдување на степен на амортизација на возилата и деловите, изгубена добивка заради поправка на возилото и сл. Машинските вештачења и супервештачења опфаќаат и идентификација на моторни возила со пречукани брови на шасија, утврдување на причини за опожарување на возила, откривање на обид за осигурителна измама, квалитет на ракување, монтирање и поправка на машини и машински постројки, лифтови, кранови и сл.

МАТЕРИЈАЛНО ФИНАНСИСКА ОБЛАСТ

Во домен на материјално финансиски вештачења вршиме вештачења и супервештачења во поглед на утврдување на должничко доверителски односи на правни субјекти, пресметка на законски камати по пропорционален метод во склад со законските прописи со кои е регулирана оваа област, пресметка на договорна (слободно формирна) или фиксна договорена (месечна или годишна) камата, вршиме вештачења и супервештачења од област на работа и работни осноси по наредба на надлежен суд или по барање на адвокати, правни и физички лица за потребите на кривична , парнична или вонсудска постапка.

ГРАДЕЖНИШТВО

Градежното вештачење и супервештачење опфаќа збир од стручни активности извршени на барање на правни или физички лица или пак по наредба на надлежни судски или државни органи, а се однесува на утврдување на квалитет и квантитет на извршени работи на одреден објект или градилиште, утврдување на недостатоци на објектот, количина на вграден материјал за извршени или недозавршени работи на објект или градилиште, вредност на изведени работи, снимање на фактичка состојба при превземање на објект или простор, утврдување на претрпена штета на одреден објект настаната заради разни причини (природни неприлики, неквалитетен материјал, лоша изведба, виша сила и сл.), утврдување на вредност или штета за санација од одредени оштетувања на објекти настанати од разни причини и фактори, утврдување на одговорност на градилиште на база извршен увид и анализа на градежна документација (проект, градежна книга, градежен дневник, записници и сл.).

МЕДИЦИНА

Медицинските вештачења во кривичните и граѓанските постапки пред надлежните судови се многу често застапени особено од облст на невропсихијатрија и судска медицина и криминалистика во судски постапки за утврдување на вид и карактер на телесни повреди, степен на нагрденост , јачина на болка, претрпен страв и стрес, душевна болка, пресметливост при вршење на некое инкриминирно дело, лекарска грешка и слично. Ние располгаме со докажани врвни вешти лица од соодветна специјалност со долгогодишно искуство, а особена чест и задоволство Ни претставува да потенцираме дека АСВ Скопје има потпишано договор за меѓусебна сорботка со Медицински факултет Скопје - Институт за судска медицина и криминалистика.

ЕЛЕТРОТЕХНИЧКА ОБЛАСТ

Во досегашната долгогодишна работа во областа на елтротехничките вештачења и супервештачења тимот на еминентни вешти лица има работено на основ и утврдување на висина на причинета штета од кражба на струја, утврдување на штета од опожарување на станови, стамбени објекти, деловни згради, хали и сл. заради неисправна и неквалитетно поставена електрична инсталација или пак од пожар предизвикан од човечки фактор на било кој начин, утврдување на основ и висина на штета на опрема и техника заради прекин или неквалитет на снабдување со електрична енергија и сл.

ИНФОРМАТИЧКА ОБЛАСТ

Во домен на вештачење и супервештачење од информатичка област се почесто се наметнуваат сите облици на компјутерски криминал и тоа најчесто противправно користење на услуги и неовластено собирање на информации , компјутерски кражби, компјутерски измами, измами со производи со „неверојатни карактеристики“ и сл.

Нашиот тим

Тим сочинет од експерти со повеќегодишно професионално искуство од секоја области.

Контактирајте не

Нашата организација ви стои секогаш на располагање.