АСВ Агенција за судски вештачења
Поднесување

Барање за вештачење

Барањето се поднесува преку апликацијата АСВ Скопје, каде го следите и текот на предметот.

Како се поднесува

01

Отворете ја апликацијата АСВ Скопје и најавете се со Вашите пристапни податоци.

02

Изберете Барање за вештачење и означете го видот на вештачење.

03

Прикачете го Барањето и Документацијата, па поднесете.

04

Агенцијата го прегледува барањето и Ве контактира.

Што треба да подготвите. Две датотеки: Барањето за вештачење (документот со кој се бара вештачењето) и Документацијата по предметот. Двете се прикачуваат во апликацијата и остануваат видливи само за учесниците во предметот.

Видови вештачење

Барање може да поднесете за која било од следниве области:

ОбластОбласт
СообраќајноЕкономско
МашинскоКриминалистика
МедицинскоЗемјоделско
ГрадежноЕлектро техничко
ГрафолошкоИнформатичко

Апликацијата АСВ Скопје

Апликацијата им овозможува на адвокатите и странките да поднесат барање, да ја следат постапката, да ја примат документацијата и да ја платат услугата — на едно место.

Немате пристапни податоци? Пристапот до апликацијата го издава Агенцијата по отворање на предметот. Јавете се или пишете ни и ќе Ве упатиме:
+389 2 3 11 50 70  ·  +389 75 393 959  ·  info@asv.mk

Барање без апликација

Доколку не користите апликација, барањето може да го доставите и непосредно во седиштето на Агенцијата или по електронска пошта. Во тој случај наведете го видот на вештачење и приложете ја документацијата по предметот.

АГЕНЦИЈА ЗА СУДСКИ ВЕШТАЧЕЊА А.С.В ДООЕЛ СКОПЈЕ
ул. Пандил Шишков бр. 1/2-1, 1000 Скопје
Е-пошта: info@asv.mk
Телефон: +389 2 3 11 50 70 · +389 75 393 959