Сообраќај
Реконструкција на сообраќајни незгоди со Virtual Crash 2.2 и 3.0 — прв пат воведен во практиката во државата од страна на Агенцијата.
Агенција за судски вештачења А.С.В ДООЕЛ Скопје изработува стручни наоди и мислења — вештачења и супервештачења од сите области — по налог на надлежен суд или јавно обвинителство, адвокати, осигурителни друштва, правни и физички лица, согласно Законот за вештачење.
Реконструкција на сообраќајни незгоди со примена на лиценциран специјален софтвер Virtual Crash 3.0 и 5.0.
Се врши математичко моделирање на судирот на возила врз основа на фиксираните материјални траги на лице место, видот, карактерот и локацијата на оштетувањата на возилата, крајните положби на судрените возила по судирот и слично — врз основа на што се утврдува местото на судар, брзините пред, за време и по судирот, и се врши техничка анализа на текот, динамиката и механизмот на сударниот процес.
Од основањето во 2006 година поминавме низ сите фази на развој и усовршување во сите полиња на нашето дејствување. Работиме исклучиво согласно одредбите на Законот за вештачење и промовираме постапки за заштита на личните податоци и деловните тајни на нашите партнери.
Нашата експертиза е секогаш базирана на правото. Мотото на Агенцијата е „Вашата доверба, чекор до успех".
Фотограметриска обработка на дигитални фотографии од увидот, сателитски и дронски снимки — врз кои се поставува динамиката на движење пред, за време на и по судирот.
Вештачење, супервештачење, дополнување и појаснување на веќе изработени наоди, како и стручни консултации за адвокати и странки.
Реконструкција на сообраќајни незгоди со Virtual Crash 2.2 и 3.0 — прв пат воведен во практиката во државата од страна на Агенцијата.
Градежно-архитектонски вештачења, процена на изведени работи, квалитет и вредност на објекти.
Финансиски и книговодствени вештачења, пресметки на побарувања, штети и загуба на добивка.
Дигитална форензика, анализа на носачи на податоци и електронски траги.
Техничка исправност на возила и машини, дефекти, одржување и причини за откажување.
Електроинсталации, причини за пожари од електрично потекло и техничка исправност на уреди.
Телесни повреди, степен на инвалидитет и причинско-последична врска со настанот.
Тим од докажани вешти лица со специјалистичко образование и долгогодишно искуство во своите области.
Дипл. сообраќаен инженер
Инженер по биотехнички науки
Дипл. сообраќаен инженер
Дипл. сообраќаен инженер
Дипломиран машински инженер
Доктор по економски науки
Дипл. сообраќаен инженер
Услугата може да се плати со платежни картички од брендовите Visa и Mastercard, издадени од Халкбанк АД Скопје или од друг издавач. Сите износи се изразени и се наплатуваат во македонски денари (МКД).
Апликацијата ја пресметува цената за Вашиот предмет и ја прикажува фактурата за Вашата страна, со вкупниот износ во МКД.
Пренасочени сте на безбедната страница на Халкбанк АД Скопје, каде ги внесувате податоците од картичката.
Трансакцијата се потврдува преку Visa Secure, односно Mastercard ID Check.
По успешна авторизација фактурата се означува како платена и добивате потврда на е-пошта.
Агенцијата не наплатува дополнителен трошок за плаќање со платежна картичка — цената е иста без оглед на начинот на плаќање.
Судското вештачење нема фиксна цена: наградата се утврдува согласно Правилникот за награда и надоместок на трошоците на вештаците, а во судска постапка ја определува судот. Затоа Агенцијата не објавува ценовник — цената се пресметува по предмет и вкупниот износ се прикажува пред потврда на плаќањето. Повеќе во Условите за користење.
АГЕНЦИЈА ЗА СУДСКИ ВЕШТАЧЕЊА
А.С.В ДООЕЛ СКОПЈЕ
ул. Пандил Шишков бр. 1/2-1
1000 Скопје — нас. Аеродром